Сабота и недела на терените во охридскиот регион со мечевите од првата рунда ќе започне новата сезона во Општинската фудбалска лига.

После подолг период во ОФЛ ќе се натпреваруваат 12 екипи и ќе биде возбудливо на секој натпревар, со оглед на изедначениот квалитет.

Системот ќе биде секој со секого, а најдобрите четири ќе играат завршен турнир. Победникот на турнирот ќе обезбеди пласман во Трета МФЛ.

Двојки 1 рунда:

Слатино – Мазатар

Лакочереј – Вапила

Вулкан – Рудар

Дебрца – Велмеј

Славеј – Воска

Злести – Св. Петар

OhridNews