Од утре, 19- ти март, почнува да функционира новата линија број 2 од градскиот превоз, а од 20- ти март, ќе стартува и линијата број 1, информираат од локалната самоуправа.

– Возниот ред од овие линии е истакнат на табли на сите автобуски постојки, како и на интернет страницата од општина Охрид. Цената на билетот е 20 денари, а превозот за пензионерите ќе биде бесплатен, потенцираат од локалната самоуправа.

Новите градски автобуски линии ги поврзуваат периферните населби со централното градско подрачје.

Автобусите од линијата број еден ќе возат по следната маршута: од Меѓуградската автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка, улица Јане Сандански, Марко Цепенков, основно училиште Христо Узунов, АД „Галеб“, булевар Железничка.

Линијата број два: Меѓуградска автобуска станица, улица 7- ми ноември, булевар Туристичка до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ, Општа болница, населба Гоце Делчев, ОУ Христо Узунов, АД Галеб, 7- ми ноември.  

OhridNews