Започна продажбата на билетите за овогодинешното издание на “Аларм-от за природата“. Билетите чинат 1000 денари, а за првите 5000 заинтересирани следува и бесплатен транспорт. Билетот за бесплатен транспорт е различен од билетот за фестивалот и за истиот треба да приложите лична карта или пасош и да оставите контакт телефон и мејл.
Секој заинтересиран за организираниот транспорт мора лично да го подигне билетот.Оние што ќе решат сами да се организираат и транспортираат ќе мора да си обезбедат билет по цена од 1000 денари за сите 3 дена. Тргнувањето на 100-те автобусите ќе биде на 25.06. во 8 часот наутро од сите пунктови низ Македонија, а враќањето на 28.06. во 09 часот од Љубаништа.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com