Со доделувањето на прстените за освоената шампионска титула на кошаркарите на Сан Антонио стартуваше новата сезона во НБА лигата.


„Спарси“ со минимална победа над Далас 101-100 ги „почастија“ своите гледачи на премиерниот натпревар од новата сезона.


Победи во првиот ден од најсилната и најатрактивната лига забележаа Њу Орлеанс и Хјустон совладувајќи ги Орландо Меџик 101-80 односно Лејкерси 108-90.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ премиерата во втората сезона во дресот на Атланта ќе ја започне има против Торонто.

Мх.П.