Официјално, од денеска, стартуваше пријавувањето за учество на јубилејното петто издание на Охрид трчаТ. Најголемата спортска манифестација во градот ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 4 до 6 јуни.

Љубителите на трчањето и спортот имаат две опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар додека втората опција е трката на 5 километри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 500 денари, а стартен пакет на петкилометарската трка изнесува 600 денари.

Местата за пријавување се ограничени, а за подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката може да ги најдете на интернет страната „Ohridtrcat.mk“.

Минатата година на 21 километарската трка во машка конкуренција триумфираше Дарио Ивановски, а во женска најдобра беше Биљана Кираџиева.

OhridNews