По три години пауза денес со натпреварите од првата рунда стратуваше лигата во мал фудбал, проект на Сојузот за училишен спорт кој ќе биде реализиран во соработка со локалната самоуправа.

Во буџетот за спорт за 2011 година предвидени се средства за развој на масовниот спорт, со цел да се популаризира спортот во градот од февруари до јуни ќе се одржуваат натпревари во мал фудбал, одбојка, пинг – понг, атлетика.



– Во овај проект, во системот на натпревари ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта во Охрид – вели преетседателот на советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.

Претседателот на охридскиот совет Јаковчески очекува со ваквите проекти за развој на масовниот и училишниот спорт, спортот да им го покаже правиот пат на младите деца.


– Мене ми е посебно драго што спортската сала е исполнета со деца во публиката. Ваквите проекти не се важни само за развојот на врвниот спорт туку и  самиот развој на масовниот спорт со што децата преку ваква едукација би им рекле не на девијантните појави кои секојдневно ги демнат – истакна Јаковчески.

М.П.