Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи пораст од 6.2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (26.6 %), Информации и комуникации (15.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2018, изнесува 24 072 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2018 година изнесува 35 322 денари.

OhridNews