
Бројот на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 10,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,1%. Во споредба со податоците од февруари 2013 година, бројот на ноќевања на домашни туристи е зголемен за 3,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4,2%.
Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,6%, а кај странските има зголемување за 1,9%.
Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0,3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,1%, а кај странските има зголемување за 2.6%.
OhridNews












