Контровезниот италијански фудбалер Марио Балотели на „Енфилд“ пристигна како големо засилувања, но засега тој не ги оправда очекувањата.
Постигна по еден погодок во Лигата на шампиони и Капитал купот, но сеуште се нема запишано во листата на стрелци во Премиер лигата.
Најдобар почеток Балотели имаше во дресот на Милан каде постигна 11 погодоци на првите 11 натпревари.
Нешто послаб учинок италијанецот забележал во Манчестер Сити постигнувајќи седум погодоци во десет натпревари.
Мх.П.