Светската фудбалска организација (ФИФА), ја објави првата листа во 2021 година. Македонија е на 65.место, на кое се наоѓаше и на претходното рангирање, на 10.декември 2020 година.

Пласманот од претходно рангирање го задржаа и противниците со кои Македонија ќе се соочи на Европското првенство: Холандија е на 14. место, а Австрија и Украина се на 23. односно 24.место.

Кога станува збор за противниците на Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, тука најдобар рејтинг има Германија, 13.место, а следуваат Романија (37), Исланд (46), Ерменија (99), Лихтенштајн (181).

Во Топ 10 исто така нема промени, прва е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико, Италија.