Македонската фудбалска репрезентаија не забележа ниту напредок ниту пад и остана на 133-та позиција на најновата рејтинг листа од ФИФА за април месец.


„Црвено жолтите“ во март месец напредуваа 33 позиции после победите над Лихтенштајн во квалификациите и против Белорусија во контролниот натпревар кој се одигра на „Телеком“ арената.

Во големата десетка нема промени, првото место се уште го чува селекцијата на Бразил пред репрезентациите на Аргентина и Германија. Првата петорка ја комплетираат Чиле и Колумбија, а во топ 10 уште се Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

OhridNews