Напатениот македонскиот фудбал доби уште една шлаканица, која сериозно треба да не освести од “сонот“ во кој живееме долги години.
Кадетската репрезентација на Македонија или популарно наречена У16, составена од “надежи“ кои за неколку години треба да го понесат товарот во постарите категории, беа поразени од соодветната селекција на Србија со неверојатни 10-0, да, да, 10-0.

Алармот во македонскиот фудбал е одамна вклучен, но нема кој да да го слушне и да реагира на ваквите понижувачки резултати кои не е само дело на младите, туку и на А репрезентацијата.

Селекторот на кадетската репрезентација Висар Ганиу, секако дека ја сноси најголемата одговорност за ваквите “срамни“ резултати на неговата селекција.

Како и секогаш се дава втора, трета шанса за нов срам, па потоа се интервенира и тоа кога нема кај да се бега, а ние остануваме “стаписани“ од поразите на нашите фудбалски репрезентации.