Амбициозниот проект за изградба на голем туристички ресорт на бргот на Охридското Езеро во близина на Љубаништа, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, позитивно ќе се одрази на националната економија, а Охрид ќе има неколкукратна корист.

-Се работи за голема инвестиција која ќе влијае на степенот на економија во Македонија додека се гради. Уште повеќе ќе значи за Охрид бидејќи ќе ја продолжи сезоната на 365 дена во годината, ќе значи и нови вработувања, повеќе бизнис за охридското мало стопанство за  рестораните, за самопослугите и другите субјекти во туризмот, како и ангажман на многу фирми кои заедно со странските ќе го градат проектот.-изјави вицепремиерот Ставрески.

Ставрески во улога на домаќин денеска го придружуваше индискиот милијардер Субрата Рој, кој ја посети локацијата каде треба да се гради комплексот „Сахаријан Македонија“.

OhridNews