Ставрески: Ќе донесеме свеж капитал однадвор за подобрување на ликвидноста
12.10.12 00:03
Нема да останеме без мерки и инструменти со кои, во рамки на она што го имаме на располагање, ќе се бориме последиците од европската економска криза да бидат помали, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој од вчера учествува на Годишното собрание на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд чиј фокус се токму негативните економски движења во Европа и светот.
– Ќе настојуваме да донесеме свеж капитал од надвор, меѓу другото и од Светска банка со цел подобрување на ликвидноста на економијата. Обврските кон стопанството навреме ќе се сервисираат, онака како што беше соопштено од премиерот, за да ја подобриме ликвидноста на приватниот сектор. Ќе ги зголемиме примањата на оние категории најзасеганти од кризата, односно социјалните категории, пензиите, субвенциите, изјави Ставрески и додаде дека Владата ќе се обиде истовремено да ги одржува на повисоко ниво капиталните инвестиции. Според него, сето тоа се инструменти кои ја прават Македонија малку поразлична од другите, но дека не може да се каже оти економската криза нема да има последици и врз нас.
– Покрај информациите кои доаѓаат за состојбите во еврозоната, за фискалните ризици, слабиот раст на американската економија и забавениот раст на Мексико, Бразил, Кина, кои беа двигателите на растот изминатите две години, дополнети со нерешавањето на должничката криза во Европа, очигледно е дека не можеме да бидеме преголеми оптимисти, посочи вицепремиерот Ставрески. Според него, не може да се очекува дека македонската економија ќе се движи драстично различно од она што се случува во Европа.
Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески и гувернерот на Народната банка Димитар Богов од денеска учествуваат на Годишното собрание на Светска банка и ММФ. Како што рече вицепремиерот Ставрески, овој настан е добра шанса за средба со првите луѓе на Светска банка и на ММФ – оние коишто се задолжени за Македонија, како и потпретседателите и извршните директори на овие две водечки меѓународни институции и да се слушнат нивните проценки за состојбите во светската економија.
Од друга страна, Годишните средби се можност да се запознаат овие челници со состојбите во Македонија, со она што се случува на економски план, со гледиштата на владата и мерките и политиките кои ги презема во борба со кризата.
Ставрески денеска ќе има средба со потпретседателите и извршните директори на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) цените на бензините и евр...
Трезорот работи, а Буџетот е во одлична кондиција, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дека трезорот се затвора н...
На 14122025 во 21:25 часот, пред продажен објект на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, повеќе лица припадници на навивачка група од Битола физички нападнале 16-годишник од Охрид Се презема...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.