Тема на разговор помеќу учесниците ќе бидат секторот за енергетика, напредокот во преговорите за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ и порамнувањето на клириншкиот долг со Русија преку проектот „Гасификација на РМ“.
Од страна на Комисијата ќе бидат разгледани и правците и перспективите за развојот на трговско-економската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација, како и соработката во индустријата, транспортот, земјоделството, образованието, науката и туризмот.
Последната мешовита комисија беше одржана во октомври минатата година во Охрид.