„Остануваме активни и отворени за секакви нови мерки при што во сите ситуации мора да води сметка и за одржливоста на Буџетот и буџетската рамка во која приходите од делот на ДДВ и акцизи се најзначајните. Мерките за заштита на граѓаните и на стопанството во делот на ценовните зголемувања ги носиме сукцесивно зависно од тоа каде е најургентно и колку се можностите да се интервенира“, рече Ставрески.
Како што посочи тој спроведени се неколку мерки во делот на интервенција со пченицата, во насока на намалување на царината за некои прехрамбени производи, притоа потенцирајќи ја последната намалување на акцизите на бензините и дизел горивата.
На прашањето дали постои можност и дали се размислува за намалување на ДДВ-то за горивата, Ставрески рече дека не може однапред да се прејудуцира.
извор: Makfaks