Најавените проекти на Субрата Рој во Македонија одат според планираното, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во врска со последната одлука на индискиот суд да му забрани да ја напушти Индија.

– За нас е најважно што се оди според планираното во делот на реализација на пороектите што Сахара груп ги има во Република Македонија во делот на Џумајлија каде што имаат купено земјиште и се одвиваат инвестициски и други активности. Таму има стрикни рокови до кога треба да се заврши и тоа е она што го следиме се друго е прашање на Индија, институциите, системот во Индија, Сахара како компанија и тоа ќе го решаваат во рамки на нивниот правен систем, рече Ставрески одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. 

Врховниот суд и’ нареди на “Сахара груп”, компанијата на милијардерот Субрата Рој да ги предаде тапиите на своите имоти вредни 20.000 крори (околу 4 милијарди долари) на регулаторното тело СЕБИ во рок од три недели.Доколку не го стори тоа, тогаш Субрата Рој и други директори не можат да ја напуштат земјата без негова дозвола.

“Нема бегање и парите мора да се платат. Си дозволивте премногу да се криете, веќе не можеме да ви веруваме”, соопштил судот.

“Сахара” треба да ги предаде документите за сопственост на СЕБИ до 11 ноември, а Врховниот суд ќе го разгледува случајот на 20 ноември.

OhridNews