Владата го предвиде негативниот БДП во вториот квартал од годината и подготвена е да ги преземе сите неопходни мерки со цел да му се помогне на стопанството да ја надмине кризата, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Податокот што го објави Државниот завод за статистика за вториот
квартал од годинава беше на некој начин очекуван и претходно најавуван и
од наша страна. Владата укажа на очекувањата дека вториот квартал ќе
биде негативен. Заради тоа навреме презеде мерки со кои интервенираше во
неколку области. Со ребалансот во мај и јуни го прилагодивме Буџетот,
ги задржавме капиталните инвестици на високо ниво со цел преку нив да
влијаеме во насока на поддршка на стопанството и навреме обезбедивме две
кредитни линии, пред да бидат објавени овие податоци,
истакна
Ставрески.

Тој рече дека допрва треба да се очекуваат ефектите од двете мерки, едната
која предвидува 100 милиони евра за малите и средните претпријатија и
другата со која се обезбедени 11 милиони евра за земјоделските
петрпијатија.

Ставрески истакна дека во насока на ублажување на последиците од кризата Владата изготвила програма за заштита на социјалните категории на
населението преку изведување јавни работи, креирање околу 4.000 работни
места директно по таа основа и дополнителни работни места преку
привремените вработувања во рамки на Агенцијата за вработување, заштита
на сите остатанти категории граѓани преку навремена исплата на пензиите,
земјоделските субвенции, што според него е сериозен пакет за мала земја како
Македонија.

Вицепремиорот посочи дека кризата е последица на тоа што европската економија е во рецесија со -0,8 проценти во вториот квартал идентично како и
Македонија, чија економија извесно е ориентирана кон ЕУ.

– Ова покажува дека има целосна поврзаност и
последица од случувањата во еврозоната врз Македонија. Сите земји во
соседствтоо се во негатива, Словенија има над три отсто пад, Хрватска
над два отсто, Франција, Холандија, Шпанија, Италија имаат негативни
стапки. Тоа е причината зошто и македонската економија која целосно е
насочена кон европската, во првите два квартала имаше негативен
резултат
, рече Ставрески, укажувајќи дека ако дојде до стабилизирање на состојбите во
еврозоноата и Македонија може да смета на подобрување.

OhridNews