
„Со воведувањето на стриктни рокови како и обврската да се плаќа во предвидените рокови и предвидувањето на плаќање прекршочна казна и камата ако се отстапи од тие рокови, очекувам дека ќе се прекине практиката на неплаќање на обврските што го правеа и некои фирми кои што имаа добра ликвидност и на некој начин се создаде една култура на неплаќање на обврските. Тоа не е добро за една пазарна економија и за едно функционално домашно стопанство и голем број на фирми се жалеа од таа ситуација и бараа да се изнајдат инструменти со кои тоа ќе се прекине. Токму со законот за финансиска дисциплина излегуваме во пресрет на тие барања“, рече Ставрески.
Тој наведе дека ваква практика се применува во државите членки на Европската унија.
OhridNews
извор Макфакс












