Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески оцени дека засега нема потреба од ребаланс на буџетот и информира дека е фокусиран на креирање на буџетот за наредната година.
– Засега нема потреба од ребаланс бидејќи реализацијата на буџетот е во рамките на очекувањата“, изјави Ставрески. Вицепремиерот додаде дека евентуалната одлука ќе се носи по завршувањето на август.
– По истекот на месецот ќе се види дали ќе има потреба од какви било корекции. Ќе почекаме да видиме како ќе помине август и тогаш ќе видиме дали има потреба од какви било корекции. Но, она што е најзначајно е дека во целина реализацијата на буџетот и на приходите е во рамки на планираното, рече Ставрески
Тој информира дека ресорното министерство, заедно со другите министерства се фокусирани на изработката на буџетот за 2014 година.
– Веќе ги почнавме подготовките и разговорите со министерствата. Во исто време ќе се работи и на среднорочната рамка односно на индикативните буџети за 2015 и 2016 година“, изјави Ставрески.
Според вицепремиерот, завршувањето на долготрајната рецесија во еврозоната е позитивен сигнал, но и владата и стопанството треба да останат активни.
OhridNews
Makfaks