Интересите на Република Македонија поради одложувањето на договорената инвестиција на индискиот бизнисмен Субрата Рој се заштитени и активирана е банкарската гаранција согласно одредбите од договорот.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, додавајќи дека станува збор за примена на законот во Република Македонија кој важи за сите инвеститори

„Никој не може да предвиди во одделна ситуација какво ќе биде однесувањето или какви последици ќе има одреден настан. Како што знаете јасни се околностите поради кои се одложи најавената инвестиција. Ние во такви околности сме се заштитиле како држава со банкарската гаранција и тоа е почитување на законот“, изјави Ставрески.

Министерството за земјоделство  претходно соопшти дека го раскинува договорот со Рој за агрокомбинатот „Џумајлија“ и дека ја активира банкарската гаранција од три милиони евра.

OhridNews

Извор: „Макфакс“