Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе влезе во историјата на македонскиот фудбал. Интернациналецот ќе биде првиот македонски судија кој ќе води натпревар од Лигата на Шампиони.


Александар Ставрев ќе суди на 19-ти Октомври на Камп Ноу и тоа на натпреварот на европскиот првак Барселона со екипата на Викторија Плзен. За овој дуел делегирана е судиска шесторка во следниот состав: Александар Ставрев, Марјан Кировски, Љубомир Крстевски,Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Досега Ставрев судеше на повеќе натпревари од Европа купот, а последен беше реванш дуелот од квалификациската фаза помеѓу Глазгов Ренџерс и Марибор.

Ohridnews