Македонскиот арбитар Александар Ставрев кој ја делеше фудбалската правда на мечот од Лигата на Шампони, ја открива “тајната“ на играта на Барселона.


Кратки и безбројни додавања, постојана промена на страните, уфрлување нови фудбалери од заднина, сето тоа создаваше многу тешкотии во следењето на играта на Барселона, признава најдобриот македонски судија Александар Ставрев во изјава за дневниот весник “Дневник

– Темпото на игра е неспоредливо со македонскиот фудбал, но на Барселона не можат да ч парираат многу европски гиганти, па вистинско чудо е да останеш фокусиран. Сме суделе многу интернационални средби, но по натпреварот во разговор со моите асистенти заклучивме дека беше многу тешко да се остане концентриран и да се следи неверојатно брзата игра на Барса. Поседуваат совршена техника, многу се мобилни и постојано додаваат во својот шеснаесетник, пред противничкиот и на средината на теренот. Невозможно е да се забележи сe на теренот. Мислевме дека ќе си имаме работа со егоисти, но Меси, Инјеста, Чави и
другите се како обични луѓе. Се работи за многу дисциплинирана екипа
која ги почитува судиите. Видовте дека немаше потреба да се додели ниту
еден жолт картон. Покрај тоа што знаат да играат фудбал, како
индивидуалци се многу скромни и постои човечка величина во нив, па затоа
можеби долг период важат за најдобар тим на планетата – вели Ставрев.

Ohridnews