Предлог законот предвидува материјално згрижување на лицата кои останале без работа по приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал, како и на невработените кои работеле во акционерски друштва.
Поточно со предлог законот се предвидува згрижување на невработени лица по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок со над 55 години старост и 15 години работен стаж или пак 25 години стаж без разлика на годините. Со предлог законот се предвидува обезбедување паричен надоместок во висина од 34 % од просечно исплатена месечна нето плата по работник за претходната година.