Лидерката на стечајните работници од УНИТ Лилјана Георгиевска и Васко Цацарски, невладин активист за социјална правда, беа приведени во полициско возило за време на денешните протести на стечајните работници во Скопје, јавува телевизија „Телма“.

Инцидентите со полицијата настанал кога дел од работниците предводени од Георгиевска се обиделе да ја турнат заштитната ограда која е поставена на платото пред зградата на Владата. Настанало туркање со полицијата, по што полицијата го соборила невладиниот активист на земја и му ставила лисици на рацете. Стечајните работници не дозволувале полициското возило да замине со приведените Георгиевска и Цацарски, а потоа, тие биле ослободени откако на протестниот собир дошла Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет.

Георгиевска во изјава за телевизјата рекла дека следниот пат на протест ќе дојдат повеќе работници, но подготвени за евентуално повторно насилно однесување на полицијата. Таа нагласи дека полицијата насилно се однесуваше кој стечајните работници кои протестираат затоа што немаат егзистенција и бараат решавање на нивниот статус.

OhridNews
извор:„Телма“