Ристе Стефанов, кој последен се приклучи во подготовките на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, вели дека со пожртвувана работа ќе се обиде да го надомести загубеното. Стефанов се појави во стројот и својот прв настап во репрезентативниот дрес летово се очекува да го има следниот викенд на турнирот во Германија. Ексбекот на Лукоил Академик е свесен за пропуштеното на подготовките за ЕП во Полска (7-20 септември).
– Во секој случај ќе ми недостигаат тие подготовки што екипата ги имаше на Златибор и Крањска Гора, но што е тука е, и сега мора да се фокусирам на она што следува. Повредата ме спречи да тренирам, но ќе се обидам да ја вратам формата и да им помогнам на моите другари како на турнирите во Германија и Турција така и на ЕП во Полска. Сметам дека има уште доволно време да се подготвам и да го дадам максимумот во националниот дрес – ни рече Стефанов .
Селекторот Јовица Арсиќ сега конечно може да смета на сите планирани кошаркари и да почне посериозно уигрување на екипата.
– Се’ уште заостануваме зад оној зацртан ритам бидејќи подготовките не ги почнавме комплетни. Предност е тоа што долго сме заедно, па уигрувањето на тактичките комбинации е полесно. Важно е да го вклопиме и Дариус Вашингтон кој за прв пат е во тимот, а лесно може да се случи да биде и дел од тимот во Полска – изјави Арсиќ, кој за 20-ина дена треба да одлучи кој од двајцата Американци со македонски пасош ќе игра на Евробаскетот.
Со Вашингтон и Стефанов, бековската линија ќе биде многу посилна отколку на претходните пријателски средби. – Ристе заостануваше во голема мерка со подготовките, но последните тренинзи ги одработи со силно темпо па очекувам до мечевите во Полска да биде подготвен – вели селекторот.
По подготовките во Охрид, репрезентативците се селат во Скопје каде што ќе останат до патувањето за Германија. Арсиќ најави дека се’ до заминувањето во Германија, ќе се работи со сите 17 кошаркари, додека пред заминувањето на „Президент купот“ списокот ќе биде скратен на 15, а конечниот за ЕП ќе го објави пред самото заминувањето во Полска.
Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47 Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид Стартот на маратонот ќе биде од...
Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампион Висла Плоцк Иако имаше важечки договор со охридскиот клуб, трансферот беше реализи...
Филип Талески е осмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона Македонскиот лев бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028 Има 30 години (202 cm...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.