Македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов ја напушти функцијата спортски директор во селекцијата. Веста за повлекувањето на Стефанов ја потврди директорот на сите репрезентации Илија Мерџаноски за „Утрински Весник“.


– Точно е дека Врбица нема да биде дел од македонската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство. Во моментов тој е ангажиран во Италија и едноставно не може целосно да се посвети на репрезентативните обврски – рекол Мерџаноски за печатениот весник.

Стефанов заедно со екс селекторот Марин Докузовски беа најзаслужни за историскиот успех пред две години на Европското првенство во Литванија освојувајќи го четвртото место.

Поранешниот капитен на репрезентацијата во селекцијата ги доведе Лестер Бо Мекклејб и кондициониот тренер Сандро Бенкардино, кој пред извесно време замина во нашиот јужен сосед.

Од литванската бајка во македонската селекција остана само Марјан Србиноски, кој тогаш, а и сега е помошник на селекторот.

Мх.П.