Атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво, а комбинацијата од младост и искуство ги дава посакуваните резултати смета капитенот на најсилната македонска кошаркарска селекција Врбица Стефанов. Според него Македонија има фантастична репрезентација и за него претставува големо задоволство работата со овие момци.
По дводневниот одмор кој на играчите им го даде селекторот Јовица Арсиќ, од синоќа репрезентативците во Скопје продолжија со тренинзи. Во главниот град остануваат до четврток за кога е закажано заминување на турнир во Бамберг (Германија). Македонија се подготвува за ЕП во Полска (7-20 септември).
– Сега сме на средина од подготовките, и задоволен сум од досегашниот тек, како од деновите на Златибор така и од Охрид. Сега не’ очекуваат два силни турнири во Германија и Турција каде ќе ги одмериме силите со далеку посилни репрезентации, по што очекувам да ја темпираме нашата форма токму за стартот на ЕП во Полска. Со натпреварите кои ги одигравме во подготовките видовме две лица на репрезентацијата. На мечевите против Русија и Словенија одигравме ангажирано и мотивирано, додека опуштањето на мечевите со Словачка видовте како се одрази на нашата игра – вели Стефанов.
За кавадарчанецот, натпреварите на ЕП ќе бидат последни во неговата плодна и успешна кариера. Капитенот ветува оти ќе биде на нивото од кое се очекува од него и сигурно ќе биде движечката сила на репрезентацијата.
– Кај мене е присутна голема желба да направиме што подобар резултат, подобар од оној во Франција пред десет години. И тогаш сметам дека одигравме добро, но среќата не не’ послужи. Јас би бил пресреќен доколку се пласираме во вториот круг и задоволен би ги закачил патиките на клин. Мотивот сигурно ќе биде на највисоко ниво посебно на мечот против Израел, екипа која добро ја познаваме и е наш должник. На мечот со Грција мора да гледаме како на уште еден обичен натпревар на европското, инаку би изгореле уште на почетокот – додава Стефанов.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...