Од проблем во проблем, вака се одвива кошаркарска кариера на поранешниот репрезентативец Ристе Стефанов. Како што јавија грчките медиуми а пренесе Ekipa.mk македонецот бил позитивен на допинг тестот, ако тоа се докаже и по вториот “црно“ му се пишува на Стефанов.


Сезонава бекот ја започна во МЗТ Скопје,  слабите игри и “големите“ очекувања го “истераа“ Стефанов од екипата. Одлучи да се пресели кај јужниот сосед во тимот на Илисијакос, но по неколку  бледи натпревари без никаков учинок, трансферот беше оспоруван а капак на се беше допинг скандалот.

Мх.П.