Доколу Советот за радиодифузија (СРД) констатира одемање на дозволата за работа на А1 телевизија тогаш стечајната постапка ќе биде беспредметна, истакна претседателот на СРД, Зоран Стефановски по долгочасовниот состанок со членовите на Советот, што се одржа вчера.
Стечајната постапка може да оди во два правца. Првиот е реорганизација на субјектот, а вториот правец е ликвидирање односно впаричување на субјектот.
„Логиката велеше дека треба да се заврши постапката и врз основа на тоа да видиме дали субјектот ќе продолжи да работи, односно ќе се реорганизира врз основа на дозволата којашто ја поседува, а е платена до мај 2012 година. Може ќе биде и купена од некого или, пак, стечајниот управник ќе се одлучи да не прави план за ревитализација, туку едноставно да го впаричи имотот. Во тој случај дозволата престанува да важи“, појаснува Стефановски.
извор: „Макфакс“












