Лидерот во Супер лигата, Пелистер остана без прв тренер, откако Стефче Алушовски како гром од ведро небо најави заминување од клубот.

Причина за заминувањето на македонската ракометна легенда од Битола се финаниски причини, бидејќи резултатите се повеќе од одлични за битолскиот клуб во ракометната елита.

„Зелено белите“ првата полусезона и половина од втората ја завршија на првата позиција со еден пораз и 12 победи и со најава за атак на вицешампионската позиција во плејофот која води во СЕХА лигата.

Се уште нема никој фаворит за заменик на Алушовски кој допрва ќе треба да ја образложи одлуката за заминување од Битола.

OhridNews