Широка корупција и неказнивост во Македонија, владата не го почитува владеењето на правото. Вака изгледа најновиот годишен извештај на американскиот Стејт Департментот за почитувањето на човековите права, објавен синоќа, јавува Телма.
“Најголемиот проблем со кршење на човековите права и практики, произлегува од сеприсутната корупција и неуспехот на Владата да го почитува владеењето на правото, вклучително континуираните напори за намалување на слободата на медиумите, мешање во судството и попречување на работата на Специјалниот јавен обвинител, како и селективната правда.
Значајно кршење на човековите права се покажува и преку политичко мешање и фаворизирање на добро етаблирани лица, одолговлекување на судските постапки, кршење на правата за правично и јавно судење, и корупција во целокупниот судски систем“
“Владата не преземаше доволно чекори за да ги истражи, процесира или казни службениците кои ги прекршиле правилата и процедурите, вкучително и полициските службеници за прекумерна употреба на сила.
Неказнивоста и понатаму е значаен и широкораспространет проблем“, стои во извештајот на американскиот стејт департмент, кој потсетува дека кризата во Македонија почнала во 2015 кога СДСМ открил дека власта незаконски прислушува дека снимените разговори покажуваат индиции дека се вршени и други кривични дела покрај прислушувањето, пренесува „Телма.
OhridNews