Познатиот охридски стенд ап комичар, актерот Никола Тодороски вечерва ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.
Никола Тодороски
Пред скопската публика Никола ќе се претстави со најдобрите сегменти од своите досегашни стенд ап настапи.
Од саботниот настап на Никола Тодороски пред охридската публика
Никола Тодороски, во саботата во Охрид имаше незаборавно стенд ап шоу, на кое изведе нов, ексклузивен материјал специјално подготвен за третото продолжение на популарната веб комедија „Идиотека“, која наскоро ќе започне да се прикажува на „OhridNews“.
фото: Кирил Јорданоски