Исклучителниот стенд ап комичар Никола Тодороски, вечерва ќе настапи во култниот клуб „Jazz Inn“. Токму тука Никола ја стартуваше успешната стенд ап кариера со настап пред две години.
Никола за оваа пригоди подготви нов материјал и ветува незаборавна забава.
Билети за стенд ап шоуто на Никола Тодороски во „Jazz Inn“ можат да се најдат во мјузик шоп “ZZ Top“ по цена од 150 денари.
Бројот на места во клубот е ограничен. Шоуто започнува во 22 часот.