Во рамки на годинешното седмо издание на „Summer Comedy Marathon“ во недела, 27 јули, охридската публика и туристите ќе може да го погледат стенд ап шоуто на Небојша Грујиќ насловено „Дојденец“.
Седма вечер. Еден човек. Еден микрофон. Еден град што не е негов. Небојша Грујиќ пристигнува со свежа перспектива, балкански хумор и невоздржана искреност! Сè што мислел за нас – ќе го каже… на сцена!, велат организаторите.
Шоуто ќе биде изведено во Џез Ин со почеток во 20 часот. Билетите по цена од 300 денари може да се набават преку hahaha.mk или да се резервираат на тел: 075/283-066.
Вечерва, пак, на програмата е „English Show“ со Никола Тодороски и Лаура Лопез од Мексико, додека утре „Best of Stand Up“ со Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев. Двете шоуа ќе бидат изведени во Џез Ин со почеток во 20 часот.
OhridNews