Новата сезона извонредниот стендап комичар Никола Тодороски ќе ја отвори претстојниот викенд во култниот охридски клуб „Џез ин“.
На 10-ти јануари, недела, со почеток во 21 часот, Никола Тодороски ќе се претстави со урнебесниот нов материјал што ексклузивно го изведе на неодамнешната „Зимска бајка“, кога до солзи ја насмеа публиката.
За загревање ќе се погрижи Зоран Донев.
Картите се пуштени во претпродажба во мјузик шоп „Зи Зи Топ“ по цена од 150 денари, а на денот на шоуто тие ќе чинат 200 денари.
OhridNews