Брод „Армада“

Од 20.08.2021 - 20:00 до 20.08.2021 - 21:30

Стендап комичарот Никола Тодороски го најави своето самостојно шоу во рамки на вториот дел од летниот маратон „SUMMER COMEDY MARATHON“.

Досега беа организирани шест шоуа проследени со пеколна комедија. Датумот за уште едно крстарење со многу смеа е 20-ти август, на бродот „Армада“

Човекот кој веќе 10 години прави по над 150 шоуа годишно и ја смее публиката од целиот балкан и пошироко во Европа. Актер и стендап комичар кој ќе ви предизвика болка во вилицата и стомачните. Но не треба да се верува на вакви текстови, особено не зошто тој сам си го пишуваше ова. Затоа проверете, бидете брзи, резервирај билети или купи онлајн на armada.mk. –  порачуваат организаторите.

За време на шоуто ќе важат сите пропишани протоколи за заштита од COVID-19, а капацитетот е ограничен на 45 места.

Почеток 20 часот.

ОhridNews