Македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски пред неколку дена го објави своето најново стендап шоу Вештачка Интелигенција Природна Глупост на неговата веб страница.

Со ова шоу во изминатите две години Никола настапуваше во стендап клубови во Охрид, Скопје, Софија, Загреб, Белгад, Љубљана. Покрај клубските настапи публиката имаше прилика да го гледа и на сцената на Народен Театар Охрид, Македонски Народен Театар, Народен Театар Битола. Сега публиката има можност да ужива во 80 мин. интензивна комедија, шоу снимено во култниот клуб Jazz Inn во Охрид.

Еден човек со микрофон во рака и 80минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост! Зошто и се случува ова што и се случува на Македонија, дали љубовта е совршена и како ни влијае утринската програма на ТВ се само дел од темите во ова пеколно комично стендап шоу… Кој го гледал знае, кој не, пропуштил.

Јас уживав во создавањето на ова шоу во кое две години заедно со публиката се шегуваме и се смееме на се што во тој период ни било најгорко. Сега сакам шоуто да остане онлајн и публиката која немала можност да го види да го гледа кога ќе посака. Шоуто е достапно за сите на мојата веб страна за смешна цена од 5 долари. Она што најмногу ми прави кеиф е дека сето ова е креирано од нула и е тотално независен проект. Единствени кои инвестирале во ова парче уметност сме јас и публиката, за што сум бескрајно благодарен. Повеќе насмевки.“вели – Никола Тодороски

OhridNews