На клубот од Енфилд не му беа доста ударите од испаѓањето од Лигата на Шампиони и слабиот старт во Премиер лигата па најдобриот поединец сезонава Рахим Стерлинг му задеде нов.
Тој го одби новиот договор на Ливерпул од 70 000 фунти по недела, кој требаше да го задржи на Енфилд најмалку до 2017 година.
Веднаш шпанските медиуми тоа го поврзаа дека тој ги одби „црвените“ за да може да направи трансфер во Европскиот првак, Реал Мадрид.
„Кралевите“ секогаш се расположени за трошење на фудбалери кои се во подем да прераснат во мега ѕвезди.
Мх.П.