Фудбалерот на Ливерпул, Рахим Стерлинг е прогласен за најдобар светски фудбалер во младинската конкуренција.


„Златното момче“ како и се вика наградата за најдобар младински фудбалер која доделува италијанскиот „Тутоспорт“ Стерлинг ја освои со голем процент пред останатите конкуренти.

– Голема е честа да се добие ваква награда. Ова признание е знак дека работам правилно и дека се наоѓам на вистински пат – рече добитникот на наградата.

Зад англискиот репрезентативец во трката се најдоа Полјакот Аркадијус Милиќ и Словенецот Лука Заховиќ.

Во минатото оваа награда ја освојуваа фудбалери како Лионел Меси, Цеск Фабрегас, Марио Геце и Иско.

Мх.П.