Манчестер Сити ја продолжи победничката серија во Премиер лигата благодарание на Рахим Стерлинг кој за триумф против Саутемптон (2-1) погоди буквално во последните мигови од натпреварот.
„Граѓаните“ на стартот од второто полувреме поведоа со автоголот на Ван Дијк, а резултатски егал донесе Ромеу со одмерен удар во 75-та минута од мечот. Нападот со целиот арсенал на домаќините на Етихад им се исплатеше во последната од петте судиски минути кога Стерлинг со прецизен удар од 16 метри ја затресе мрежата на „светците“.
За лидерот на табелата во Премиер лигата ова е 13-та победа во 14-от одигран натпревар и само чудо може да им ја одземе титулата годинава.
Резултати: Бурнмаут – Барнли 1-2, Арсенал – Хадерсфилд 5-0, Челси – Свонси 1-0, Евертон – Вест Хем 4-0, Мен Сити – Саутемптон 1-1, Стоук – Ливерпул 0-3.
Табела: Мен Сити 40, Мен Ју 32, Челси 29, Арсенал 28, Ливерпул 26, Барнли 25, Тотенхем 24…
OhridNews