По одбивањето на новиот договор од Ливерпул, Рахим Стерлинг се поврзуваше со трансфер во Арсенал. Точка на сите шпекулации стави менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер, кој рече дека за него нема место во екипата од Лондон.


– Речиси сите медиуми пишуваа за евентуален трансфер на Стерлинг во нашиот тим. Но, едно е јасно за него нема место во Арсенал. Во овој момент имаме премногу офанзивци и нема потреба да доведуваме уште еден. – рече Венгер.

Францускиот стручњак се осврна на ситуацијата со Стерлинг во Ливерпул, која не оди во прилог ниту на играчот ниту на тимот.

– Што побрзо мораат да ја решат ситуацијата за доброто на клубот. Нашата екипа во принцип не преговора во текот на сезоната со играчите за нови договори за да не се дефокусира фудбалерот од неговите први обврски према екипата. – додаде Венгер.

Токму неговите избраници ги зголемија проблемите на Ливерпул победувајќи со 4-1 во дербито на „Емирати“.

Мх.П.