Со голот на Рахим Стерлинг во седмата минута од судиското продолжение екипата на Манчестер Сити го обезбеди целиот плен на гостувањето на „Виталити“ стадионот победувајќи го со 2-1 тимот на Бурнмаут.

Домаќините поведоа со 1-0 во 13-та минута со евроголот на Даниелс, а гостите возвратија за десеттина минути преку Габриел Жесус. Тој резултат беше активен од 97 минута кога Стерлинг со голема доза на среќа ја погоди мрежата на одличниот Асмир Беговиќ. 

Англискиот репрезентативец, Стерлинг голот бурно го прослави со навивачите, а главниот судија поради тоа му додели жолт картон. Брзоногиот фудбалер имаше претходно жолт и предвреме го заврши трилер мечот. 

За „граѓаните“ триумфот над Бурнмаут е втор сезонава и со едно реми се наоѓаат во самиот врв од табелата во Премиер лигата.

OhridNews