Англискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг пријави напад на расна основа во полиција од навивачите на Челси кои присуствуваа на дербито на Стемфорд Бриџ во рамките  … рунда во Премиер лигата.

Стерлинг на мета од навивачите на Челси беше покрај аут линијата. Фудбалерот на Манчестер Сити воопшто не изреагира, а веднаш после завршување на натпреварот го пријавил инцидентот. Челси кој го доби натпревар најави истрага која ќе спроведе во најбрз можен рок.

Офанзивецот на Манчестер Сити веднаш доби поддршка од Рио Фердинанд кој беше голем борец во Премиер лигата за фудбалерите со црна боја на кожата и поранешниот фудбалер на Арсенал, Јан Рајт.

Ако навивачите на Челси се прогласат за виновни, испадот може скапо да ги чини, бидејќи една од казните предвидена во законот е забрана на посетување на сите стадиони во Англија. Премиер лигата пред две децении со овие ригорозни мерки стави точка на хулиганството кое залет зеде токму од Англија.

OhridNews