Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во името на Стеван Глигоријевиќ има свој преставник на потесниот список во македонската кошаркарска репрезентација до 20 години.

Триото на клупата од У20 репрезентација на чело со селекторот Мирко Петрески низ селективен тренинг ќе ги одреди кошаркарите кои ќе ги бранат боите на Македонија на Европското првенсво (Б дивизија) кое ќе се одигра од 14 до 23 јули.

На првичниот список „галебите“ имаа два свои преставници, но Драган Узоноски не го помина овој рез и отпадна од комбинација, додека Глигоријевиќ кој беше дел од сениорската екипа во дебитанската сезона во елитата мина и има големи шанси да дебитира во дресот на Македонија.

Селективниот тренинг е закажан за 6 јуни во Скопје.

Списокот:

Леонид Тодоровски – Мзт Скопје

Петар Прентовиќ – Мзт Скопје

Дамјан Робев – Вардар

Георги Зафиров – ФМП Академија

Блажо Митков – Вардар

Бојан Серафимов – Вардар

Дејан Србиновски – Вардар

Михајло Митев – Вардар

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Маслинко – Работнички

Ранко Мамузиќ –

Никола Талевски – Пелистер

Ненад Димитријевиќ – Шпанија(Хувентуд)

Елвис Хот – Словенија

Димитар Пандев – Италија

Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид

Оливер Двојаковски – Шпанија

Давид Георгиев –

Петар Огњеновиќ –

Оливер Тасков – Италија

Андреј Атанасовски – Соколи

Филип Ѓоргиевски – Соколи

Филип Стојановски – Бол фор лајф

OhridNews