Мафијата е инсталирана во институциите и големите политички партии кои манипулираат со граѓаните. Го прифаќам предизвикот да се конфронтирам со моќниците кои со децении наназад се недопирливи. Ова го истакна кандидатот за градоначалник на партијата Демократи Стевче Стевоски, на средба со новинарите денеска во Охрид.
Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците и Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никого, а дека не сум се плашел да ги казмнам моите претпоставени поради што и ден денес центрите на моќ ме влечат по судови. Денес почнуваме нова битка во долгата војна на правдата против неправдата. Денес јавноста знае кои се СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, знае дека тоа се две сестри близначки, кои ги родила една мајка Мафија и татко по име Јуда. – изјави Стевоски.

Народот знае дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ никогаш нема да тргнат против нивната мајка Мафија и затоа ги повикувам обесправените, угнетените, згазените од лихвари и уништени за бедни плати вработените, овој пат да гласаат за мене за конечно да влеземе во финална битка против Мафијата. – истакна Стевоски.

OhridNews











