Нова тура инпрегнирани дрва стигна во Заливот на коските. Тие веќе извесно време се печат на жешкото сонце и чекаат да започне изградбата на новите  куќички од наколната населба Плоча – Миќов град. Во вода  машини работат на подготовка на теренот за проширување на реконструираната неолитска наколна населба, а во тек е и изградбата на новите платформи.

Наколната населба во Заливот на коските беше реконструирана во 2008 година. Покрај, неа беше возобновена и римската тврдина во Градиште, со што Охрид доби уште една туристичка атракција, единствена од таков вид на Балканот.
OhridNews