Репрезентативецот на Чиле, Гонзало Јара успеа да го испровоцира Едисон Кавани во четвртфиналето од Копа Америка со прстот во задник и да и помогне на својата селекција за пласман во 1/2 финалето.
Но, по прегледување на снимките Јара беше отстранет од понатамошните натпревари од Копа Америка, а казните стигнуваат се уште на неговата адреса.
Од Мајнц клубот каде настапува Чилеанецот веднаш известија дека фудбалерот го ставија на трансфер листа, а челницте на Копа Америка најавија дополнителна истрага за неговиот срамен гест.
Бранителот на трофејот Уругвај претрпе пораз 1-0 од Чиле кој е домаќин на Копа Америка и обезбеди пласман во 1/2 финалето.
Ohridnews