Охридскиот клуб  “Стик“ е победник на вториот меѓународен турнир во хокеј на трева кој се одржа во спортската арена “Билјанини Извори“ во Охрид. Во финалето на турнирот на кој учество зедоа четири клуба охриѓани беа подобри од бугарската Бјала со 6-0. Во мечот за третото место, екипата на  Дунав со 2-0 ги победи охридските Витези.


 

Годинава турнирот влезе во каленедарот на Европската федерација , па в година охриѓани очекуваат поголема масовност со екипи пред се од нашето опкружување. Приемерно најавени се екипи од Црна Гора кои неодамна ја формираа својата федерација, а исто така очекуваат екипи до Холандија.

Играњето на ваквите турнири е од големо значење за нашите деца, бидејќи нашето државно првенство е доста слабо, а секој натпревар плус е уште поголемо искуство. Поради немањето на терен на отворено, ние многу повеќе го негуваме овај хокеј во сала, но олимписката дисциплина е на отворено, па очекувам тоа да биде мотив повеќе за да се направи еден стадион и еден  да се надеваме дека ке учествувавме на олимпијадите – вели Тања Димитриевска од федерацијата за хокеј на трева.

Од федерацијата велат дека во план се да формираат клубови во Ресен, Битола, Прилеп па со постојните клубови во Охрид и Струга да го заживеат овај олимпски спорт. Со вложување во инфраструктурата и континиураната работа еден ден посакуваат да го развеат македонското знаме на олимпискиот јарбол.

М.П.