Со средства собрани од охридските бродари деновиве се изврши доуредување на котвата поставена на градското пристаниште.

Се поставија железни столбчиња со цел дополнување на естетскиот изглед на оваа атракција која од пред неколку години го краси пристаништето, каде се укотвуваат охридските бродови.